Од 310 санкционирани возачи во Скопје, 106 за пречекорена брзина

Од:

За возење без возачка дозвола санкционирани се 17 лица, а за пречекорување на дозволената брзина на движење 106 прекршоци, од вкупно 310 санкции изречени на територијата на Град Скопје, во рамки на засилените акциски контроли во областа на сообраќајот во изминатото деноноќие.

Од МВР денеска информираат дека се санкционирани 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, како и 12 мотоциклисти, а изречена е и 81 меркa за непрописно паркирање и 37 казни за неносење на заштитна маска.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, посочуваат од МВР.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози