Од 10 февруари бесплатен јавен превоз во Македонска Каменица

Од:

Бесплатниот јавен превоз за пензионери и социјално загрозени семејства во Македонска Каменица ќе почне од 10 февруари, најави денеска портпаролот на општината Васко Десподовски.

Тој изјави дека поради огромниот интерес кај жителите на Македонска Каменица и потребата од дополнително време за разгледување на доставените документи, реализацијата на овој проект ќе се пролонгира за една недела од првично најавениот датум.

– Досега се пријавени 340 жители од руралните средини и имајќи предвид дека услугата ќе можат да ја користат и нивните брачни партнери, евидентно е дека бројот на корисници нема да биде помал од 500 жители на руралните средини. Најголем број пријавени се од селото Саса, односно 77 лица, а најмалку во селото Тодоровци, односно 22 лица. Возниот ред ќе биде објавен во медиумите, а ќе биде поставен и на видни места во централното градско подрачје и во руралните средини. Веќе е утврден и возниот ред, постојките, но и бројот на корисници кои ќе користат бесплатен јавен превоз, рече Десподовски.

За реализација на проектот, општината набави две нови комби возила, а бесплатниот јавен превоз ќе биде во петок, кога е пазарен ден во Каменица.

Би можело да ве интересира

Од понеделник во училиштата во Македонска Каменица ќе се интонира државната химна

Загина моторциклист во близина на Македонска Каменица

Пријава за поткуп за глас во Македонска Каменица

А1он

Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Жарко Настоски

Нормализиран собраќајот на регионалниот пат Делчево – М. Каменица

Жарко Настоски

Граѓанско учество во креирање на општинскиот буџет во Македонска Каменица

Ана Ололовска