Почина проф. д-р Миле Димитровски

Од:

На 75-годишна возраст почина проф. д-р Миле Димитровски, редовен професор во пензија на Машинскиот факултет.

Доајен на научната мисла во областа на машинството во Македонија, проф. Димитровски остави значаен печат не само во академската заедница, туку и во општествениот и социјалниот живот.

Како раководител на Лабораторијата за мотори, тој беше автор на бројни научни и стручни трудови и книги, со што даде несебичен придонес во развојот на инженерската мисла.

Беше и основач и прв претседател на Комората на овластени инженери на Македонија, поставувајќи темели за професионалниот развој и етика во инженерската фела.

Погребот на проф. д-р Миле Димитровскиќе ќе биде в среда, на 30 април, во 11:30 часот на гробиштата Бутел.

Би можело да ве интересира

Почина Билјана Плавшиќ

Почина четиригодишниот син на пејачот Марјан Стојаноски

Почина Тонкица Митровска, пионер на македонскиот анимиран филм

Се истражува како почина брачен пар од Кина во стан во Скопје

Горан Наумовски

Почина Раиф Диздаревиќ

Почина норвешкиот крал Харалд