ВМРО-ДПМНЕ: Очајни и лицемерни се обидите на СДС да дефокусираат од криминалите на актуелната власт

Од:

Јавноста од СДС и Ковачевски очекуваше став за криминалот на актуелната власт, за црната листа на која се најде нивниот коалициски партнер Мерко, за тоа како без денар се купува трговски центар, за тоа каде е Ден Дончев со торбичката во која ставаше снопчиња со пари, како блиски на функционерите на власт стануваат сопственици на компании за електрична енергија, стануваат милионери, или добиваат земјишта, деловни објекти и хотели по багателни цени, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Обидите да се дефокусираат криминалот и корупцијата на власта на ДУИ и СДС со вадење од нафталин теми од пред 10 или 15 години нема да им помогне ниту на СДС, ниту на Ковачевски. Тоа што молчат за бизнисите на Груби, Ахмети, но и за своите луѓе само покажува колку се лицемерни, а во исто време очајни и полтронски поставени пред нивниот поголем партер во владата.

Кога веќе СДС сака да пишува соопштенија со реминисценции, нека напише едно за судско бизнис спрегата за која се огласи австрискиот амбасадор, или за случајот „Маџар Телеком“, или за тенковските делови или за било кој случај од криминалната транзиција.

Тоа што го сметаат за сламка спас нема да им помогне да се спасат од судот на народот, а потоа и од одговорноста за целиот криминал на оваа власт на ДУИ и СДС, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Правосудството во Македонија со 2% доверба од граѓаните, а судии и обвинители бараат двојно повисоки плати

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска е обичен апаратчик на минатата власт, таа е активен чинител на неправдата без кредибилитет

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е човек со дамки и лузни, нека не глуми чесен

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Обврска и одговорност на судот е да има правда за случајот со „Пулс“

Бојковска: СДС бара да се скратат спортските субвенции зa 334 милиони денари

ВМРО-ДПМНЕ: Во СДС врие и револтот од Филипче веќе никој не го крие, наместо промени, партијата ја движи кон поголема пропаст