Оценките на Претседателката Сиљановска Давкова за работата на новинарите се непримерни, реагира Синдикатот

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници остро реагира и искажува загриженост од моделот на однесување кон новинарите на претседателката на државата Гордана Сиљановска Давкова која при гостувањето на емисијата ВинВин на ТВ Телма на 15 мај 2025 година искажа сериозно навреди кон колегата Боби Христов притоа користејќи недолични зборови за функцијата којашто ја извршува.

Сиљановска Давкова во забелешка на начинот на комуникација и поставувањето на прашања на колегата Христов говореше дека не било пристојно да се говори за луѓе што не се присутни на ТВ дебата и искористи квалификации „фрустрирачки“, „малициозно“ и „не личи на новинар“. Претседателката ја коментираше емисијата Топ Тема која на почетокот од оваа седмица беше емитувана на истиот медиум, а во која уредникот Боби Христов на гостите им постави прашање „колку е погорда Македонија со Гордана Силјановска Давкова една година на претседателската функција“.

ССНМ се сложува со претседателката Сиљановска Давкова дека медиумите и новинарите влијаат на перцепцијата на јавноста, но укажува дека оценката на работата на новинарите и медиумските работници која е јавна треба да биде со внимателно одбрани и издржани зборови, а не со лични квалификации за тоа дали некој личи или не личи на новинар, односно дали е фрустриран и малициозен.

Потсетуваме дека развиеноста на едно демократско општество се мери и по разбирањето на улогата на медиумите во него, како и по прагот на толеранција кон критика кој го имаат функционерите, а кој по правило треба да биде повисок со оглед на тоа што вршат јавна функција.

Загрижува фактот дека оваа изјава доаѓа само неколку недели по извештајот на Репортери без граници, според кој падот на Македонија на индексот за слобода на медиуми е резултат, меѓу другото и на лошата оценка за политичкиот индикатор, односно дека е забележано „функционери имаат тенденција да имаат лоши и понижувачки ставови кон новинарите“.

Европскиот акт на слобода на говорот на медиумите ваквите пораки до новинарите изнесени јавно ги толкуваат како директно мешање во уредувачката политика на медиумите и притисок врз слободата на новинарите. Затоа Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници ја повикува претседателката Гордана Сиљановска Давкова да се воздржи од изјави кои може негативно да влијаат на слободата на новинарите, а во продолжение и на кревките демократски односи во земјава.

Би можело да ве интересира

Сиљановска Давкова: Генералка викенд да прерасне во Генералка 365 дена, штитејќи ја природата се штитиме себеси

Катерина Ѓуровски

Политички неодговoрно е да се бара оставка од обвинителот по трагедијата во Кочани, вели Сиљановска

Катерина Ѓуровски

ССНМ: Падот на Светскиот индекс за слобода на медиумите за 2024 е одраз на состојбите во Македонија

А1он

Сиљановска-Давкова: Ако сакаме промени, Уставниот суд мора да се одважи и посегне по својата надлежност

Горан Наумовски

ССНМ: Ги поздравуваме измените во Законот за медиуми, но тоа треба да е само дел од процесот за целосно усогласување со ЕУ регулативата

Сиљановска Давкова: Папата Франциск ќе го помнам по исклучителниот ум, мудрост, топлина и едноставност