OCCRP: Груевски втор во светот по корупција и промоција на криминал

Од:

Мрежата за известување за организиран криминал (OCCRP) го прогласи црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ за личност на годината заслужна за промоција на криминалот, корупцијата и неграѓанското општество.

Capture

Оваа „награда“ за малку ќе ја добиел македонскиот премиер Никола Груевски кој е првиот Македонец, што е номиниран од оваа организација. То влегол во вториот круг од гласањето и го освои третото место.

– На второто и на третото место се наоѓаат жената и децата на претседателот на Азербејџан Илхам Алиев и македонскиот премиер Никола Груевски. Роднините на азербејџанскиот претседател поседуваат голем удел во економијата и ја ограбуваат државата и самите се богатат.
Македонскиот премиер Никола Груевски прислушуваше новинари и опозицијата, ги гонеше политичките противници и учествуваше во прикривиње убиства, стои во соопштението на OCCRP.

occrpprintsk

OCCRP е конзорциум од 22 медиуми кои се занимаваатт со истражувачко новинарство и неколку стотици новинари од Европа и Централна Азија се дел од работата на оваа мрежа. Формирана во 2006, центрите на мрежата работат на заеднички меѓународни истражувачки проекти и досега имаат продуциран повеќе од 60 истражувања на повеќе од 120 новинари.

Секоја година новинарите членови на OCCRP од повеќе од 30 држави гласаат за личност на годината заслужна за промоција на организираниот криминал и корупција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: После ЗНАМ, и ВМРО-ОКГ се соочува со распад и поделби

Горан Наумовски

СДСМ: Судот ги доставил документите за екстрадиција на Груевски, зошто Филков ги држи во фиока?

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

СДСМ: Сиљановска е во улога за спас на Никола Груевски и Христијан Мицкоски?

Горан Наумовски

Груевски со нова објава: Обвинувања за дволичност и финансиски интереси кон Заев и Филипче

Горан Наумовски

Заев до Груевски: Можеше да ја одлежиш казната, да бев јас некој друг ти ќе добиеше многу повеќе

Горан Наумовски