Обвинение за дилер од Бутел кај кого се пронајдени 290 килограми марихуана

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје достави Обвинителен акт против едно лице кое се товари за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетиот неовластено заради продажба држел опојна дрога – марихуана во вкупна нето маса од 295,3 килограми. Дрогата беше пронајдена на 04.01.2019 година при претрес на неговиот дом во Бутел.

Ценејќи дека и натаму постојат околности кои укажуваат на опасност обвинетиот да го повтори делото и го оправдуваат стравот дека тој би можел да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до Судот достави и Предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице.

Би можело да ве интересира

Шверцер на мигранти со шест Еѓипќани во колата направил сообраќајка, еден тешко повреден

Двајца приведени за семејно насилство во изминатото деноноќие

Ограбена скопјанка на мостот „Гоце Делчев“, приведени двајцата разбојници

Две сообраќајни несреќи со жртви во еден ден

Воз му ја прегази ногата на мигрант од Алжир во Гевгелија

Двајца шверцуваа 65 килограми марихуана, ОЈО бара притвор само за еден од нив

Горан Наумовски