Обвинителството располага со цврсти докази за сопружниците за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, мотивот ќе се истражува дополнително

Од:

Обвинителката Елена Жакула во изјава за медиумите информира дека Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за двајцата сопружници за убиството на лекарот Ацо Трпкоски, кој беше убиен на 21 март 2024 година во скопската населба Автокоманда.

– Обвинителството заедно со МВР спроведе предистражни дејства кои беа активни и се обидовме да го најдеме сторителот на ова кривично дело. По дополнителни сознанија во текот на изминатите месеци и по издадена дополнителна наредба од страна на јавниот обвинител, во координација со Единицата за насилен криминал, во текот на изминатата недела беше издадена наредба по која беа повикани лица. По нивното повикување во полиција, се добија некои дополнителни сознанија, кои го подигнаа степенот на основано сомневање дека токму овие осомничени за кои Обвинителството денеска ќе поднесе предлог за определување мерка притвор се лицата кои го сториле ова кривично дело. Се работи за двајца сопружници. За осомничената Обвинителството ќе поднесе предлог за определување мерка притвор за кривично дело убиство член 123 став 1, односно за помагање во извршување на ова кривично дело. Додека, пак, за лицето кое е нејзин сопружник за кривично дело убиство од член 123 од казнениот законик. Ова е се што досега што можам да споделам со јавноста – рече Жакула.

Во однос на мотивот за убиството на лекарот, обвинителката само истакна дека располагаат со цврсти докази за кои дополнително ќе известат.

-Мотивот ќе го истражуваме дополнително. Во оваа фаза можам само ова да ви го кажам дека сега засега располагаме со цврсти докази, а дополнително ќе бидете известени за мотивот – нагласи обвинителката Жакула.

Би можело да ве интересира

Убиен е високорангиран член на Шкаљарскиот клан во Црна Гора

А1он

Иран: Америка ќе плати за убиството на дете и брачна двојка

Поранешна британска министерка е убиена со 21 удар со чекан во глава

А1он

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

30-дневен притвор за сопружниците осомничени за убиството на докторот Ацо Трповски

Горан Наумовски

Сопружници од Скопје го убиле лекарот Ацо Трповски чие тело беше пронајдено пред повеќе од две години