Обвинителството прави претреси во Финансиската полиција, директорот Муареми со исклучени телефони

Од:

Претреси се вршат во Управата за финансиска полиција, со која раководи Арафат Муареми. Обвинителката Вилма Русковска која раководи со Обвинителстовто за гонење организиран криминал и корупција го потврди ова за „А1он”. Таа вели дека имаат предистрага, за предмет поврзан со Управата и Муареми. Не открива детали што е пријавено.

„Постапуваме по пријава од граѓани. Не можеме да споделиме сега повеќе детали. Не можеме да кажеме дека има злоупотреби, се проверуваат наводи”, вели Русковска за „А1он”.

„А1он” се обиде да исконтактира и со Муареми, во чија канцеларија според неофицијални информации се претресите. Неговите телфони се исклучени.

Претресите се во тек.

Би можело да ве интересира

Томовска: Во координација со финансиската полиција ќе одлучиме дали инспекцискиот надзор во М-НАВ ќе се прошири

Управата за финансиска полиција врши проверки во М-НАВ

Горан Наумовски

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

Орце Костов

Финансиската полиција денеска треба да влезе во Град Скопје

Oбвинителството ги отфрли кривичните пријави против Муареми

Катерина Ѓуровски

Трговци со зеленчук ја оштетиле државата за 300.000 евра: Финансиска со кривични за даночно затајување

Орце Костов