Обвинителството почна истрага за изградбата на мостот „Око”

Од:

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Скопје, донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица за злоупотреба на службена положба и овластување за изградбата на пешачкиот мостот „Око”.

Осомничените, како што стои во денешното соопштение од Обвинителството, во периодот од 2009 – 2012 година при спроведување на постапка за јавни набавки со неизвршување на својата службена должност овозможиле изведувачот на Проектот – Изградба на пешачки мост „Око” на реката Вардар, да се стекне со имотна корист во износ од 26.653.424,00 денари.

По склучување на договорот во висина од 92.546.647,00 денари за јавна набавка на работи – изградба на пешачки мост од страна на Општина Центар како инвеститор од една и изведувачот на градежните работи од друга страна, склучен е и Анекс на договорот за јавна набавка со што вредноста на договорот се зголемила на износ од 119.197.783,00 денари.

Првоосомичениот како извршен орган на општината и потписник на Договорот за јавни набавки и Анекс договорот за јавна набавка, заедно со второосомничениот како потписник на барањата за исплата кој имал обврска да ја проверува документацијата и со тоа да го следи степенот на реализација на проектот и третоосомничениот како овластено одговорно лице за следење на текот на изведбата на проектот согласно договорот, не ги запазиле законските одредби од Законот за јавни набавки. Осомничените согласно своите надлежности не презеле активности за активирање и наплата на банкарските гаранции депонирани во деловните банки од страна на изведувачот, ниту побарале продолжување на рокот на важност на гаранциите во износ од 8.773.714,00 денари за дадените аванси. Воедно, првоосомничениот согласно склучениот Анекс договор, иако бил обврзан, не го продолжил рокот на важност на банкарската гаранција за навремено и квалитетно извршување на работите во износ од 17.879.710,00 денари, а која гаранција по раскинување на договорот требало да ја активира и наплати во корист на Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Дисциплинската комисија утврди крупни грешки кај шефот на Вишото јавно обвинителство Скопје, се бара негово разрешување

Апелација ги уважи жалбите на Обвинителство и им определи ефективен 30 дневен притвор на двајцата поранешни директори на Онкологија

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Обвинителството нареди, а полицијата го уапси бизнисменот Ристо Крмзов

Двајца браќа и нивен пријател се осомничени за убиство во Скопје

Обвинителството отвори предмет за деловодна книга со архивски броеви за легализација на објекти во Општина Чаир