Обвинителството по допрен глас оформи предмет за тепачката во Струмица

Од:

По објавите на социјалните мрежи и во медиумите, Основното јавно обвинителство Струмица вчера, по допрен глас оформи предмет за настанот во центарот на Струмица, кога повеќе лица беа учесници на тепачка, информираат од Обвинителството.

„Издадени се насоки и наредби до надлежните органи за доставување на податоци и утврдување на идентитетот на лицата кои беа учесници во настанот.
Обвинителството продолжува во континуитет да презема дејствија во насока на расчистување на настанот,“ се вели во соопштението.

Снимката од тепачката која беше објавена вчера, на која се гледа како група брка човек и го претепува на улица, предизвика многу реакции во јавноста, а на социјалните мрежи се појавија повеќе верзии за причините и околностите под кои се случи бруталната пресметка во центарот на градот.

Би можело да ве интересира

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Краделе кабли од „Железара“, направиле штета од стотици илјади денари

Пренџов: Усвоени 14 амандмани за Законот за јавно обвинителство

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа