Обвинителството одобри повторување на постапката за Хаџиски

Од:

Надлежното Основно Јавно обивнителство на 22.09.2015 година се согласи со барањето за повторување на постапката доставено од страна на обвинетиот Миле Хаџиски за убиство на Мери Јошевска од пред две децении.

Како што стои во соопштението, обвинителот кој постапува во предметот се согласил со предлогот за повторување на постапката, ценејќи дека се исполнети законските основи и дека обвинетиот има право на судење во негово присуство.

Инаку, барањето за повторување на постапката Хаџиски го доставил во надлежниот Основен суд Скопје 1 Скопје, од каде на ден 21.09.2015 е доставено барање за мислење во надлежното Основно јавно обвинителство Скопје.

– Воедно, сметајќи дека има основа да се верува дека обвинетиот ќе се даде во бегство, обвинителството предложи до судот определување на мерката притвор. Од страна на судот предлогот беше прифатен, па со Решение е определен притвор на обвинетиот во времетраење од 30 дена, се наведува во соопштението од ЈО.

Миле Хаџиски беше есктрадиран во Македонија пред еден месец од Франција каде што беше уапсен како припадник на бандата „Пинк Пантер“.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали