Обвинителството ќе ги даде завршните зборови во случајот „Дива Населба“

Од:

Судењето за кумановските настани од 9 и 10 мај 2015 година се ближи кон својот крај. Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција денеска ќе ги даде своите завршни зборови.

Околу комплексот судови е забележително зголемено полициско присуство, а градот го надлетуваат хеликоптери.

Судењето за „Дива Населба“ почна во февруари минатата година. Во овој случај обвинети се 37 лица за тероризам и терористичка организација.

Во немилите настани во Куманово од 9 и 10 мај минатата година загинаа осум полицајци: Жарко Кузмановски од тетовското село Брвеница (32), Сашо Самоиловски од Брвеница (32), Ненад Серафимовски од гостиварското село Зубовце (27), Исамедин Османи од скопско Студеничани (32), Бобан Ивановиќ од скопско Стајковци (47), Горан Илиевски од Гостивар (41), Љубиша Аранѓеловиќ од Скопје (49) и Горан Стојменовиќ од скопско Миладиновци (45). Уште 37 нивни колеги беа ранети со разни степени на повреди.

Во престрелката четириесетина полицајци беа тешко повредени, а убиени беа и десет лица од вооружената група.

Би можело да ве интересира

Девет години од настаните од „Диво Насеље“

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска

Алтернатива тврди дека мнозинството зависело од ветувањето на Ковачевски за меѓународна истрага за „Монструм“ и „Диво Насеље“

A1on

Шести ден штрајк на осудените за Диво Насеље, бараат подобри услови

Кристијан Ландов

Откриена спомен биста во Брвеница на загинатиот припадник на единицата „Тигар”, Жарко Кузмановски