Обвинителството и СВР Куманово истражуваат случај со врсничко насилство по објавена видеоснимка

Од:

Основното јавно обвинителство и СВР Куманово преземаат мерки за расчистување на случајот со врсничко насилство, откако денеска на социјалните мрежи беше објавена видеоснимка на која се гледа физички напад врз девојче.

Според првичните информации, настанот се случил пред околу четири месеци, но до денеска не бил пријавен во надлежните институции.

Шефицата на Основното јавно обвинителство Куманово, Теута Бедиу – Рамадани, за МИА изјави дека веднаш по објавувањето на снимката е отворен предмет и се постапува по итна постапка.

– Случајот ќе се работи по итна постапка. Едната инволвирана е полнолетна, додека другите две се малолетнички. Настанот се случил пред четири месеци и до денеска не сме имале пријава. Откако снимката беше објавена, веднаш почнавме да постапуваме – изјави Бедиу Рамадани.

Од СВР Куманово за МИА потврдија дека интензивно работат на случајот и најавија дека по завршување на проверките ќе соопштат повеќе детали. Видеоснимката денеска се прошири на социјалните мрежи и предизвика реакции во јавноста.

Би можело да ве интересира

Три лица лишени од слобода, вкупно четири пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

Предраг Петровиќ

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари

Загина мотоциклист во сообраќајка во Куманово

А1он

Мајка од струшко село осомничена за „запуштање и малтретирање дете“

Десет лица се повредени во сообраќајка на регионалниот пат Куманово – Свети Николе

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски