Обвинителството и МВР отворија предмет за интервјуто на Латас кај јутјуберот Лазаров

Од:

Секторот за компјутерски криминал од МВР доставил известување до Скопското обвинителство по интервјуто на јутуберот Стефан Лазаров со Драган Павловиќ-Латас емитувано на 15 февруари, во кое Павловиќ-Латас раскажува дека како 15-годишник тој и негов другар имале сексуални односи со девојка која претходно била „шамарана“.

Од обвинителството за А1он велат:

„До Основното јавно обвинителство Скопје доставено е известување од Секторот за компјутерски криминал при МВР за настанот. Надлежен јавен обвинител ќе даде насоки за натамошни дејствија и проверки.“ велат од Обвинителството за А1он.

Интервјуто предизвика лавина коментари и осуди во јавноста, и го повикуваат Обвинителството да постапи.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Откопан гробот на Зоки Фаци

А1он

(ВИДЕО) Тамара Тодевска и Стефан Лазаров со песна за сите блиски кои повеќе не се со нас

А1он

Обвинителството го повлече обвинението против Латас за случајот „Тревник“

Катерина Ѓуровски

Латас и Лазаров не се чувствуваат виновни

Судењето против Латас и Лазаров одложено за 19 јуни

ВИДЕО: Латас и Лазаров пред судија – се одложи судењето за сексот во фиќо

А1он