Обвинителството го заврши увидот за причините за пожарот во „Глобал“

Од:

Обвинител од Основното јавно обвинителство во Струмица и инспектори за пожар од Дирекцијата за заштита и спасување, денеска го завршија увидот за причините за пожарот во Трговскиот центар „Глобал“ во Струмица, соопштија од ОЈО Струмица.

До крајот на денот и крим-техничарите од Министерството за внатрешни работи требаше да ги завршат неопходните испитувања и најверојатно од утре веќе ќе може да се започне со расчистување на остатоците од пожарот во „Глобал“.

Во пожарот, кој избувна во саботата навечер во 23:12 часот, опожарена е една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот, а урнат е и дел од покривот на трговскиот центар.

Би можело да ве интересира

Најмалку осум лица загинаа во пожар во трговски центар во Техеран

(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Пожарот во Визбегово се уште е активен

Пожар во Визбегово, интервенираат скопските пожарникари

Катерина Ѓуровски

Голем пожар во Романија: Изгореа 32 домови, 300 жители се експресно евакиурани

Горан Наумовски

Пожар зафати 5.000 хектари шума, изгореа 50 куќи