Обвинителството ги проверува наводите на ВМРО-ДПМНЕ за полициски закани на денот на изборите

Од:

Комисијата за следење на изборни нерегуларности постапува по сите примени поднесоци, пријави, како и сознанија за евентуално сторени кривични дела поврзани со организирањето и спроведувањето на изборите, велат од Јавното обвинителство на Република Македонија.

Во однос на информациите изнесени од ВМРО-ДПМНЕ дека полицајци, началници и функционери во Прилеп се организирале за да заплашуваат политички противници на денот на изборите, од Обвинителството велат дека се проверуваат наводите.

– До надлежното основно јавно обвинителство се доставени наводите со насоки истите да се проверат и доколку се утврдат елементи на сторени кривични дела, да се постапи согласно законските надлежности, велат од Обвинителството и ја потсетуваат јавноста дека во функција е електронската адреса [email protected] на која можат да пријават сомнение за сторено кривично дело поврзано со изборите и гласањето.

Од Министерството за внатрешни работи денеска категорично ги отфрлија, како што велат во соопштението, невистините кои втор ден по ред ги шири партијата ВМРО-ДПМНЕ за наводно „координирано следење, малтретирање и селективно попречување на слободата на луѓе”.

– На денот на изборите, 17 октомври, во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак, е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што говори дека наведените дејствија, всушност, не се случиле. МВР почна внатрешна истрага за утврдување на фактите, имајќи предвид дека вибер групи или графички прикази од вибер групи може да се креираат и изработат во секое време и од секого, и имајќи предвид дека до МВР не е пристигната ниту една пријава од граѓанин за дејствија во Прилеп на денот на изборите какви што беа презентирани на прес – конференцијата. МВР е гарант за сите слободни избори од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму, се наведува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал