А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинителството ги отфрли кривичните пријави поднесени против пет уставни судии

by А1он02/07/2018 - 15:45172
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство во Скопје ги отфрли кривичните пријави против петмина судии од Уставниот суд поднесени од страна на претседателот на Светскиот македонски конгрес Тодор Петров.

Следете a1on на Instagram Instagram

Во денешното соопштение од Јавното обвинителство се наведува дека надлежниот јавен обвинител утврдил дека нема основано сомнение оти судиите ги сториле кривичните дела за кои биле пријавени.

Во кривичните пријави поднесени од претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров било наведено дека петмина судии од Уставниот суд сториле кривични дела „злоупотреба на службената положба и овластување“ и „самовластие“ од Кривичниот законик.

– Подносителот навел дека судиите не постапиле по трите иницијативи кои тој ги доставил во Уставниот суд на Република Македонија, и тоа правата за поништување на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите поднесена на 21.10.2015 година, втората за поништување на Одлуката за избор на претседател на Собранието на Република Македонија поднесена на 9.05.2017 и третата иницијатива за поништување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северноатланската Алијанса – НАТО, се наведува во соопштението.

Следете a1on на Youtube YouTube

Јавниот обвинител по преземените дејствија за проверка на наводите од поднесените кривични пријави утврдил дека во Уставниот суд веднаш по приемот на иницијативите се оформени предмети по кои во континуитет се преземани дејствија, барани се податоци потребни за одлучување по предметот и вршено е споредбено истражување на нормативните решенија и уставно судски одлуки. Проверена е и уставно-судската практика како елемент кој се зема предвид при одлучувањето на Уставниот суд.

Постапката по две иницијативи е во тек во Уставниот суд, додека за иницијативата за поништување на Одлуката за стапување на Република Македонија во членство на Северноатланската Алијанса – НАТО е одлучувано на седница на Уставниот суд, при што е донесено Решение за неповедување на постапка за оценување на уставноста и законитоста.

Јавниот обвинител утврдил дека не се точни наводите во кривичните пријави, односно дека пријавените ги преземале во континуитет сите службени дејствија и оти нема основи на сомнение дека ја злоупотребиле службената положба.

Јавниот обвинител исто така утврдил дека во преземените службени дејствија на судиите нема материјални факти кои би укажале на самовластено постапување на осомничените, односно дека нема елементи дека извршиле кривично дело самовластие.​

obvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Власта ги прелажа вработените во обвинителствата, предложен е закон кој не е по мерка на јавнообвинителска служба

Горан Наумовски12/06/2026 - 12:5912/06/2026 - 13:03

Наташа Крстева Цалева останува вршител на функцијата Виш јавен обвинител во Скопје

Горан Наумовски11/06/2026 - 13:15

Обвинителството бара притвор за Богоев и за тројцата вмешани во аферата „Царина“

Горан Наумовски03/06/2026 - 14:2603/06/2026 - 14:43

Обвинителство: Возач под дејство на дрога предизвика сообраќајка кај „Пластичарска улица“

Горан Наумовски30/05/2026 - 21:52

Обвинителството започна истрага за Претседател на суд и Судски администратор

Горан Наумовски14/05/2026 - 16:20

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

Горан Наумовски13/05/2026 - 14:19
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто