Обвинителството бара укинување на притворот на пратеничката Жаклина Пешевска

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од кривичниот суд да ја укине мерката куќен притвор за пратеничката Жаклина Пешевска и нејзина замена со мерки на претпазливост.

За оперскиот пејач Игор Дурловски, пак, Обвинителството побара да му се укине мерката притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари и наместо тоа да му биде одредена мерка куќен притвор.

„Надлежниот обвинител побара од судот за лицето Ж.П да биде укината мерката куќен притвор и истата да биде заменета со мерки на претпазливост, а за осомниченото лице И.Д. мерката притвор да биде заменета со мерка – куќен притвор. За останатите осомничени лица обвинителството останува на барањето за продолжување на претходно изречените мерки за обезбедување на присуство и за непречено водење на кривичната постапка“, соопшти Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on