Обвинителството бара притвор за сопственикот на фирмата каде беше најден кокаинот

Од:

Завршил распитот на лицата кои вчера беа лишени од слобода во акцијата во селото Крушопек, а кои беа поврзани со пратката од 1 килограм кокаин, наводно дел од поголема пратка чија крајна дестинација била Македонија.

„Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори предвидено и казниво по член 215 од Кривичниот законик“, стои во соопштението на обвинителството.

Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд вечерва доставил Предлог за определување на мерка притвор за сопственикот на фирмата увозник на овошјето, „Банекс компани“, додека за второосомниченото лице предложил мерки за обезбедување присуство.

Останатите две лица кои биле затекнати во магацинот се ослободени.

Осомничените вечерва ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка.

По Наредба на јавниот обвинител товарното возило во кое е откриена наркотичната дрога и целата пратка со овошје се запленети и предадени во Агенцијата за одземен имот.

Би можело да ве интересира

Неуспешен обид за изнесување 64.000 евра преку Табановце

Горан Наумовски

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

(ВИДЕО) Македонската царина заплени цигари вредни девет милиони денари

Италијанската полиција заплени 2,6 тони кокаин покрај брегот на Португалија

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Во Италија запленети 770 килограми кокаин – на пакетите има српски знамиња

А1он