Обвинителството бара притвор за сопственикот на ДоказМ

Од:

Основното јавно обвинителство бара од судија на претходна постапка да му одреди притворр на сопственикот на порталот ДоказМ Маријан Стаменковски затоа што тој е осомничен за повеќе кривични дела.

– Притворот е предложен бидејќи на товар на осомничениот му се ставаат повеќе кривични дела сторени од позиција сопственик на интернет портал, преку кој, искористувајќи познанства и релации со различен профил на лица, преземал противправни дејствија во континуитет, што упатува дека ќе ги презема и во иднина доколку не му биде определена мерка притвор и биде оставен да се брани од слобода. Осомничениот се служел со сопствениот интернет портал, знаејќи дека е достапен на неограничен круг лица, како средство за ефективен притисок врз жртвите, притоа предизвикувајќи лавина општествени последици со несогледива штета во форма на религиска омраза и ксенофобични идеи. Дополнителна околност во таа насока е потребата да се заштитат жртвите, кои биле подложени на изразен говор на омраза и закани преку компјутерски систем и преку интернет порталот на осомничениот наведуваат од Јавното обвинителство.

Додаваат дека притворот го сметаат за неопходен за да се обезбеди присуството на осмниченито и охрабруваат и други евентуално ги пријават нивните случаи . ​

Би можело да ве интересира

На сопственикот на на „ДоказМ“ повторно ќе му се суди за уцена, Апелација му ја намали казната затвор

Катерина Ѓуровски

Обвинителството бара повисока казна, а одбраната укинување на пресудата за случајот „ДоказМ“

Горан Наумовски

Одбиено барањето на сопственикот на „ДоказМ“ за иземање на обвинителот Рајчев

Горан Наумовски

Сопственикот на „ДоказМ“ не се чувствува виновен, неговиот бранител очекува ослободителна пресуда

Горан Наумовски

Почна судењето против сопственикот на „ДоказМ“

Горан Наумовски

Адвокатите на Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ бараат да се изземе Скопското обвинителство

A1on