Обвинителството бара притвор за насилник од Скопје кој тепал познаник и пукал со пиштол

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 33-годишен скопјанец кој во автомобил „ауди Q5“ неовластено држел огнено оружје пиштол марка AG-9 и две рамки со вкупно 30 куршуми.

„Полициски службеници извршиле претрес во автомобилот и го пронашле оружјето, откако претходно осомничениот го вперил пиштолот кон три лица и испукал еден куршум во воздух пред зградата во која живее, а еден од оштетените го удрил по лицето. Истрага е поведена поради основано сомнение дека со тоа сторил кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи, а против осомничениот ќе се води и скратена постапка за кривично дело насилство. Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот“, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Уапсени шест малолетници во центарот на Скопје – краделе пари од врсници

А1он

„Глас против насилство“: Децата не се виновни за неуспехот на институциите да ги заштитат

А1он

Син нападна мајка во Велес

А1он

Ја претепа сопругата пред децата, па го пушти плинот и тргна да ја запали

А1он

Исчезна скопјанец

А1он

36-годишен маж од Гази Баба е претепан од партнерката