Обвинителството бара притвор за маж од Виница кој со камења на познаник му го скрши черепот и е во кома

Од:

Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Виница за кривично дело – Тешка телесна повреда.

„Осомничениот 37-годишник, на 2 октомври, на паркинг простор пред ресторан во Виница, со умисла тешко телесно повредил едно лице и му го довел во опасност животот.

Откако започнал вербална расправија со оштетениот во ресторанот, осомничениот пред објектот најпрво го фатил оштетениот за јакната и му задал повеќе удари со тупаници во стомакот. Потоа продолжиле да се туркаат и да се удираат со камења.

Присутни лица се обиделе да ги раздвојат, но во еден момент осомничениот со камен го удрил оштетениот во задниот дел од главата и тој од ударот паднал во бесознание. Му била нанесена тешка телесна повреда – скршеница на черепот на главата, поради која оштетениот се наоѓа во кома и е неконтактибилен, а животот му е доведен во опасност.

Јавниот обвинител, веднаш по настанот, достави предлог до Судот со кој лицето беше обезбедено со мерка притвор во траење од два пати по 48 часа со цел да се обезбедат сите потребни докази особено во поглед на здравствената состојба на оштетениот. Во текот на денешниот ден, веднаш по формалното отворање на истрагата, надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување редовен притвор во траење од 30 дена“, вела од ОЈО

Би можело да ве интересира

Еден осомничен за ширење омраза кон македонската држава и идентитет

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жестока тепачка во клиника во Приштина: Скандалозна снимка, хирурзите се скараа, па се испотепаа

26-годишен маж е претепан од неговата поранешна сопруга

Тепачка меѓу владејачкото мнозинство и опозицијата во турскиот Парламент

Горан Наумовски

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага