Обвинителството бара притвор за мајката која си ги претепа двете малолетни деца

Од:

Oсновното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 34-годишна жена за која постои основано сомнение дека сторила две кривични дела телесна повреда.

„Осомничената, на 7 мај во вечерните часови, во станот во кој престојувала на улицата „Орце Николов“ во Скопје, при семејно насилство ги повредила своите деца на возраст од 5 и 4 години. Таа ги удирала децата по телата и главите, нанесувајќи им повеќе телесни повреди.

Во конкретниот случај постојат очигледни околности кои на јавниот обвинител му укажуваат дека постои опасност осомничената да се даде во бегство доколку биде пуштена да се брани од слобода. Со оглед на тоа што присуството на осомничената во оваа фаза oд кривичната постапка не може да се обезбеди со ниту една друга мерка за обезбедување, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор“, соопштија од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија