Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово ќе поведе истражна постапка и ќе предложи мерка притвор за две лица за кривично дело – Полов напад и силување, а едниот од нив е осомничен и за кривично дело – Уцена.

Првоосомничениот, според ОЈО, спротивно на јасно изразена волја, изврши полови дејствија врз малолетна девојка во липковско, а ја принуди на полови дејствија и со второосомничениот.

Потоа жртвата ја уценуваа дека наводно ќе објават нејзини експлицитни фотографии доколку не му исплати 20.000 евра.

Девојчето било принудено да зема пари од дома без знаење на родителите и да позајмува од други лица, па во повеќе наврати му ги давала парите на првоосомничениот.

Јавниот обвинител, ценејќи дека се исполнети законските основи, до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени кои се лишени од слобода.

Основното јавно обвинителство Куманово продолжува да презема истражни дејствија.

Би можело да ве интересира

Четворица од неготинско силувале 13-годишно девојче

Катерина Ѓуровски

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама