Обвинителството бара на битолчанецот осомничен за нападот на Пендиков да му биде одземен пасошот

Од:

Основното јавно обвинителство Охрид до надлежниот суд поднесе Предлог за определување мерки на претпазливост против едно лице од Битола за кое е поведена постапка за кривично дело – Тешка телесна повреда по член 131 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 22 од Кривичниот законик.

На 19 јануари, осомничениот, заедно со уште едно лице против кое веќе се води постапка и е поднесено обвинение, од омраза поради националната и етничката припадност нападнале еден оштетен кој се изјаснувал како Бугарин, го удирале со раце и нозе по главата и телото и тешко телесно го повредиле.

Надлежниот јавен обвинител му предложи на судот на сега осомничениот да му ги определи следните мерки – привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница, односно забрана за нејзино издавање и забрана за употреба на лична карта за преминување на државна граница, како и обврска да се јавува повремено – на секои 7 дена на определено службено лице или кај надлежен државен орган.

Осомничениот, исто како и претходно обвинетиот во оваа постапка, тврди дека има само македонско државјанство.

Во тек е собирање докази за проверка на наводите изнесени во поднесената кривична пријава против осомничениот. За правилно утврдување на фактичката состојба ќе биде неопходно и оштетениот да учествува во постапката пред обвинителството во својство на сведок. Со оглед на тоа, Основното јавно обвинителство Охрид ќе се обрати до надлежните органи во Република Бугарија за да ја обезбеди адресата на неговото сегашно престојувалиште.​​

Би можело да ве интересира

Со распит на сведоци продолжи судењето за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб од Охрид

Горан Наумовски

Илија Спасески има воспаление на вените, Судот одби да му го врати пасошот за да се лекува во странство

A1on

(ВИДЕО) Пендиков: Не се плашам, но добивам смртни закани

A1on

(ВИДЕО) Адвокатот на Илија Спасески го напушти судењето: Обвинителството заборави дека Пендиков е роден во Охрид и е македонски државјанин

A1on

Пендиков се врати во Охрид: Пред истражителите го опишува нападот врз него

A1on

Судењето за Пендиков ќе продолжи на 31 мај, најавено присуство на оштетениот

A1on