Обвинителството бара да се казни со 4000 евра повратник од Австрија кој не бил пронајден дома иако морал да биде во самоизолација

Од:

Обвинетиот на 15 март влегол во Република Северна Македонија од Република Австрија при што бил упатен на препораките за заштита од заразна болест Ковид-19 и потпишал изјава за самоизолација.

Но при проверка на полициските службеници на 17 март, а потоа и на 19 март обвинетиот не бил затекнат во својот дом. Со тоа, лицето го сторило кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија од член 206 став 1 од Кривичниот законик

За стореното кривично дело, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево до Основниот суд во Кичево поднесе Предлог за издавање казнен налог против обвинетото лице со предлог судот да изрече парична казна во висина од 4000 евра во денарска противвредност.​

Би можело да ве интересира

141 позитивен од 866 тестирани за Ковид-19, еден починат

60 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Влада: Решенијата за изолација ќе бидат испорачани до граѓаните преку веб платформа со целосна заштита на личните податоци

А1он

Нови препораки за патување во земјите од ЕУ во текот на пандемијата

А1он

Шахпаска – Донев: Економските мерки за справување со последиците од Ковид 19 дадоа позитивни резултати и во двете земји

А1он

Кунгуловски: Омикрон-сојот може да се открие со ПЦР, сѐ уште не е детектиран кај нас

Маја Илиевска-Пачемска