Обвинителството бара да му се одземе пасошот на Деспотовски

Од:

Од Јавното обвинителство информираат дека за Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ се води предистрага и дека за него се побарани мерки за претпазливост.

– Основното јавно обвинителство Скопје против наведеното лице води претходна постапка поради постоење на основано сомневање за сторено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување по член 353 од Кривичниот законик. Надлежен јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје денеска достави предлог за одземање на патна исправа и обврска за повремено јавување во Судот како мерки на претпазливост. Во предметот се уште се преземаат дејствија од страна на Основното јавно обвинителство Скопје и Управата за финансиска полиција. Со цел да не се наштети на постапката, двете институции координирано ќе ја информираат јавноста кога ќе се создадат услови за тоа, се вели во информацијата од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Обвинение за сурово насилство и наведување на самоубиство за сопругот на Ивана

Финансиска поднесе кривична против екс директорот на Комунална Сабахадин Рустеми

Над 60 илјади евра извлечени преку измами со лажни сообраќајки – парите одат во Бугарија

Катерина Ѓуровски

Политичарите да се воздржат од коментари, бараат обвинителите по реакциите за Артан Груби

Кузеска: Обвинителството се заплетка со притворот за Груби

Продолжува истрагата за запленетите над 40 тони марихуана, се проверува поврзаноста со откриената дрога во Србија