Обвинителството бара да им се продолжи притворот на ексминистрите за земјоделство

Од:

Обвинителствоото за гонење организиран криминал и коруцпија до кривичниот суд доставило предлози со кои бара да им бидат продолжени изречените мерки на осомничените во истрагатa за злоупотреби со договорите за закуп на земјоделско земјиште, потврдија од таму за „А1он“. Кривичниот суд во текот на денот треба да донесе одлука за барањето на Обвинителството дали ќе ги прифати предлозите за продолжување на мерките.

Во акција на одделот за организиран криминал на МВР на 1 февруари годинава уапсени беа поранешните министри Ацо Спасеновски и Михаил Цветков, како и ексзаменик-министерот за земјоделство, Кристијан Делев. Четвртоосомничен во истрагата е актуелниот пратеник Љупчо Димовски. Судот им определи 30-дневен притовр на Делев и Цветков и куќен притвор за Спасеновски. Пратеничкиот имунитет го спаси од привтор пратеникот Љупчо Димовски.

Обвинителството ја отвори истрагата на 1 февруари минатиот месец, а се однесува на злоупотреба на службена положба и овластување. Лицата се осомничени дека во својство на министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и нивни заменици во одреден период склучувале договори за закуп на земјоделско земјиште, кои не ги раскинувале иако закупувачите не го плаќале надоместокот за закуп.

Станува збор за утврдени 584 договори за закуп на земјоделско земјиште на разни локации низ државата. На овој начин била предизвикана штета на Буџетот во износ од 88.467.607 денари или приближно 1,4 милиони евра.

Ацо Спасеновски, Михаил Цветков и Љупчо Димовски беа министри во владата на ВМРО-ДПМНЕ на предлог на Социјалистичката партија на Љубислав Иванов Ѕинго. Христијан Делев беше заменик министер на предлог на неговата партија ВМРО-ДПМНЕ.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

ВМРО-ДПМНЕ: Артан Груби ќе одговара за милионскиот криминал

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ