Обвинителство врши увид на местото каде се ранети малолетниците во Струмица

Од:

Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Струмица и денеска продолжува со увидот на колски пат, во близина на Градската капела кај Струмица, каде синоќа полицаец со истрел од службено оружје повредил двајца малолетници.

Според првичните информации, како што е наведено во соопштението од Обвинителството, до инцидентот дошло кога екипи од СВР Струмица се обиделе да го сопрат возилото во кое биле двајцата малолетници, а за кои претходно било пријавено дека се обиделе да извршат кражба на чамец во близина на браната Мантово.

– Малолетниците на два пати ја избегнале полициската патрола и не застанале, а потоа биле пресретнати од друго полициско возило на споредниот пат кај Градската капела. И натаму се работи на расветлување на начинот на кој дошло до пукањето од службениот полициски пиштол, при што биле повредени и двајцата малолетници, се наведува во соопштението.

Од Обвинителството информираат дека едното малолетно лице со посериозни повреди и прострелна рана во градниот кош уште синоќа било префрлено на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) во Скопје, додека над вториот малолетник е извршен оперативен зафат во болницата во Струмица и тој е во добра општа состојба.

По наредба на надлежниот јавен обвинител, а заради обезбедување на непристрасност во постапката, во увидот се вклучени екипи од Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи од Скопје. Притоа се издадени наредби за анализа на биолошки траги, балистичко вештачење, како и вештачење на папиларните линии подигнати на местото на настанот. Од сите инволвирани земени се примероци од крв и урина и парафински ракавици. Полицаецот од чие оружје било пукано е задржан во Полициската станица Струмица. Во текот на денот, во Основното јавно обвинителство – Струмица на записник ќе бидат сослушани сведоци на настанот.

Постапката за целосно расветлување на настанот продолжува, додаваат од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски

Пожарникарите спасија мајка и дете кои паднаа во бездна кај Струмица

А1он