Надлежен јавен обвинител, денеска склучил спогодба со двајца обвинети во акцијата „Чекан”, информираат од Основното јавно обвинителство.
– На обвинетите кои до сега не се осудувани, им е определена казна – затвор во траење од 2 години и 7 месеци, односно 2 години и 6 месеци за сторени две кривични дела – Злосторничко здружување од чл. 394 ст.2 и продолжено кривично дело – Изнуда од чл. 258 ст. 2 вв ст.1 вв чл.45 од Кривичниот законик. Во исто време, на сега осудените лица им е определена глоба од по 3.100 евра за сторено кривично дело – Лихварство од чл.260 ст.2 вв. ст1 од Кривичниот законик, се вели во соопштението на ОЈО.
Од ОЈО информираат дека групата во која биле и обвинетите, започнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на Општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување противправна имотна корист со извршување повеќе кривични дела.
-Осудените неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените. Судијата од Основниот суд Скопје 1 – Скопје ги прифати Спогодбите и донесе соодветни Пресуди, стои во соопштението.