Обвинителство почна постапка за приведените во акцијата во Куманово

Од:

По полициската акција во Куманово за разбивање на терористичка група Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.

– Во врска со настаните во Куманово, што се случија при спроведување на полициската акција, МВР до ОЈО за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против определен број лица, за сторено кривично дело „Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ по чл. 313 од Казнениот законик, соопшти Обвинителството.

Оттаму посочуваат дека по примената кривична пријава ги преземаат сите потребни истражни дејствија согласно закон и оти дополнително ќе ја известат јавноста за преземените дејствија, кои, како што се посочува во соопштението, во интерес на истрагата, во моментов не може да ги сподели.

Акцијата започна вчера рано изутрината. Во неа загинаа осуммина полицајци, а над триесет се повредени. МВР соопшти дека дел од припадниците на групата се приведени откако се предале на полицијата.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали