Обвинителство: Братоубиство во Кавадарци, предложен притвор за сторителот

Од:

Основното јавно обвинителство Кавадарци донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека е сторител на кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Осомничениот 43-годишник, на 27 јули во вечерните часови, го лишил од живот својот една година помлад брат, удирајќи го неколку пати со метален предмет по главата. Делото го извршил по вербална расправија во дневната соба во домот на оштетениот.

Потоа во период од неколку дена презел повеќе дејствија за да го прикрие делото и да уништи трагите – ја избришал крвта од подот и предметите, а телото го пренел во помошна просторија во дворот на куќата, каде го закопал и го покрил со шперплоча и други предмети.

Поради опасноста да се даде во бегство, но и да преземе и дополнителни дејствија за уништување на трагите, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кавадарци достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Ќе лежи 22 години во затвор за убиство на сопругата – полицијата го пушти на слобода кога и се закануваше

А1он

Две лица од Турција осомничени за обид за убиство во Скопје, се трага по третиот осомничен

Тројца мажи во Мексико осудени на по 158 години затвор за убиството на тројца сурфери

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Хорор во Србија: Ја мачел, ја исекол мајка си и деловите од телото ги ставил во замрзнувач

А1он