Обвинителство бара притвор за двајца златари кои затаија над еден милион евра данок

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица за кои постои основано сомнение дека подолг временски период вршеле кривично дело – Даночно затајување.

„Во период од пет години, од почетокот на 2020 до крајот на 2024 година, осомничените затаиле данок и го оштетиле државниот Буџет за вкупен износ од 64.924.298 денари или за повеќе од еден милион евра.

Двајцата, во својство на сопственици и управители на правно лице од Скопје, со намера да избегнaт целосно плаќање на персонален данок на доход од 11,11% и данок на додадена вредност од 18% на кои биле обврзани со закон, дале лажни податоци или воопшто не пријавиле факти од влијание за утврдување на износот на ваквите обврски, па поради тоа дошло до неутврдување на даночната обврска.

Затајувањето го вршеле така што избегнувале да ги пријават законските даночни обврски од трговија со златен накит, златни прачки и необработено сребро, како и необработениот кало-растур.

Ценејќи ги сите околности, пред се ризикот од бегство, можноста да продолжат да го извршуваат делото и опасноста од влијание на сведоците, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени. Притоа јавниот обвинител ја зеде предвид и тежината на кривичното дело кое им се става на товар и висината на незаконски стекнатата корист која е од големи размери, велат од ОЈО.

Би можело да ве интересира

МВР: Уапсени се двајца полицајци за грабежот на златарница во Гостивар, се трага и по други лица

Нема да има данок за немажени и неженети, иницирав дебата, се извинувам, порача Мицкоски

Се размислува за дополнителни даноци за немажени и неженети, вели Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Затворски казни за петмина обвинети во „Синџир“

Градоначалникот Ибраими се пофали дека арачиновци плаќаат данок: Општината веќе не е „црна овца“

Александар Тодески

Кривична пријава против жител на Кондово за „затајување” и „фалсификување или уништување деловни книги”

A1on