Обвинителство бара притвор за 17-годишна девојка осомничена за убиство на момчето пронајдено во реката Пена

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово до надлежниот суд поднесе барање за поведување подготвителна постапка против едно лице за кои постои сомнение дека сторило кривични дело Убиство од член 123 став 1 од КЗ.

Осомничената 17-годишна девојка со умисла лишила од живот дете на возраст од 16 години. По вербална расправија во автомобил кај местото викано Бањиче таа со остар предмет го удрила оштетениот во главата неколку пати, нанесувајќи му тешки телесни повреди опасни по живот, извести Обвинителството.

Потоа го турнала во реката Пена, а лицето било пронајдено починато по течението на реката. Надлежниот јавен обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали