Обвинителите на итни состаноци кај Зврлевски?

Од:

Јавниот обвинител Марко Зврлевски, за денеска свикал итни состаноци со вишите обвинители и со јавните обвинители.

Темата не е позната, но информации од таму за А1он велат дека најверојатно ќе треба да се добие алиби за уште пожестоки напади врз специјалниот јавен обвинител Катица Јанева, за наводното финансиско мегаломанство од нејзина страна.

Некои провладини медиуми вршат секојдневни напади врз Јанева, а се повикуваат и на незадоволство на некои обвинители, без да наведат кои.

Насловите беа: СКАНДАЛ: Обвинителите шокирани- колкави плати ќе дели Јанева?!

„Јанева побарала дури 30 телохранители, иако со толкава бројка не располагаат ниту Путин и Обама“, напишаа некои медиуми, без да кажат дека 30 лица за обезбедување не се само за Јанева, туку и за сите други 14 обвинители, на кои можеби и поголемо обезбедување ќе им треба кога ќе почнат да ги работат предметите.

Состаноците се итно свикани и по денешното јасно предупредување на САД и ЕУ: Советот на јавни обвинители да го именува тимот на Јанева за да може нејзиното обвинителство да почне да го извршува својот мандат и своите задачи независно и без да трпи каков било облик на политички притисок.

Би можело да ве интересира

Азизи: Зајакнувањето на истражниот центар, постапувањето по црните листи и борбата против перењето пари се клучни приоритети во кандидатурата за шеф на ОЈО ГОКК

Предраг Петровиќ

На Михаилова и беа одземени две патни исправи, а имаше и забрана за преминување на граница со лична карта, извести Обвинителството

Горан Наумовски

Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец, поведена истрага

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали