Обвинетиот за убиството на охриѓанецот Матилоски повторно не се појави пред Судот во Охрид

Од:

Српскиот државјанин Бојан Угреновиќ (30), обвинет за убиството на охриѓанецот Димитар Матилоски повторно не се појави денеска на закажаното судско рочиште од повторениот процес што против него се води пред Основниот суд во Охрид.

Имајќи предвид дека обвинетиот и минатото рочиште не се појави пред Судот, Судскиот совет со кој претседава судијата Весна Кичеец го одложи рочиштето за 3 октомври, а на обвинетиот му изрече мерка притвор со барање за негово спроведување во затворот во Охрид.

Инаку, Судот во Охрид на првото судење го прогласи Угреновиќ за виновен, изрекувајќи му затворска казна во времетраење од 16 години. На првото појавување пред Судот тој целосно ја призна вината, изразувајќи жалење за смртниот исход и каење за стореното дело. По изрекувањето на пресудата одбраната ја обжали пресудата пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради одредени забелешки го врати предметот на повторено судење.

На првото појавување после одлуката на Апелацискиот суд, Угреновиќ целосно го смени исказот по однос обвинението, изјаснувајќи се за невин за делото што му се става на товар. Тоа значеше потреба од повторување на целиот процес, а обвинетиот ја искористи недоследноста во легислативата и поради истекот на законскиот рок за притвор доби можност да се брани од слобода.

Убиството на Матилоски се случи на новогодишна ноќ во 2016 година, во тепачка што се случи пред влезот на кафе-бар во центарот на Охрид.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец со нож повредил тројца, приведен е

Охрѓианец избран за јавен правобранител, продолжил да си работи и како адвокат

Катерина Ѓуровски

Во сообраќајка тешко е повредено 18-годишно момче од Охрид

Во сообраќајка во Охрид тешко е повредена жена

На конференција во Охрид ненадејно почина поранешен шкотски премиер

A1on