Во Основниот суд во Прилеп, денеска, продолжи судењето на 27-годишниот Даниел Крстески , осомничен за за убиството на 19-годишната девојка Ангела Димоска.
Беа сослушани вешти лица од психијатриската болница од Демир Хисар.
Според психијатарот д-р Валентина Талевска, обвинетиот Крстески имал асоцијално растројство, бил во под дејство на алкохол и имал низок праг на толеранција.
Доктор Борис Грозданов изјави дека стравот што обвинетиот го чувствувал претходните дваесетина дена, пред убиството, поради закани од други лица, заради што купил пиштол на црно, немал никаква врска со убиството на неговата девојка. Мотивите, според лекарот, се сосема други.
Лекарите што го извршија обдукцискиот наод не пристигнаа на судењето, поради обврски на други судења. Крстески во јануари годинава ја застрела девојка си во станот на неговиот татко со еден куршум во главата.
Прилепското обвинителство го товари Крстески за убиство со умисла, бидејќи тој бил пресметлив кога ја убил Ангела Димоска. Судскиот процес ќе продолжи на 27-ми овој месец.