Обвинет во Диво Насеље до Сулејман Реџепи: Ролекс, не заборавај да побараш прошка од Бог за злосторствата што ги имаш направено

Од:

Шек Халачи, обвинет во Диво Насеље на својот Фејсбук профил по повод празникот Рамазан Бајрам, напиша дека ова е последен муслимански празник за поглаварот Сулејман Реџепи како прв човек на Исламската верска заедница. Халачи во своето обраќање обвинува за наводни злосторства на Сулејман Реџепи изминатите години по што го нарекува и „Ролекс“.

– Честитки за Бајрам, особено за ефенди Сулејман Реџепи-„Ролекс”, бидејќи ова ќе биде последен Бајрам за него како шеф на Исламската верска заедница. „Ролекс” кога јадете ручек на Бајрам, не заборавајте да побарате од Бог да ви прости за вашите злосторства што сте ги направиле сите овие години како претседател на ИВЗ и пред да станете претседавач на ИВЗ. Иако не верувам дека господ ќе ти ги прифати молитвите, исто како што не ги прифати молитвите на Никола Груевски, вели Халачи.

Тој додава дека никогаш не мислел дека ќе треба да се справува со поглаварот Реџепи, но сепак како што вели, Божјата волја го оставил онаму каде што ги пронашол снимките и документите.

– На крајот ви доаѓаат сите што извршиле злосторства против албанската нација, ние никогаш не мислевме дека ќе се справиме со вас, но тоа беше Божја волја и нè остави таму каде што ги чекавме снимките и документите, вели Халачи.

Овој текст на Халачи е споделен и од страна на лицето Ел Чека кој вели дека е во секојдневна комуникација со осудените за случајот Диво Насеље од кои патем и ги добил прислушуваните разговори кои ги објавува.

Основното јавно обвинителство достави кривична пријава до кичевското Обвинителство против лицето Ел Чека, кој на социјалните мрежи од минатата недела секојдневно објавува нелегално прислушувани разговори од актуелни и поранешни функционери од ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ. Кривичната пријава е за неовластено прислушување и тонско снимање според членовите 151 и 152 од Кривичниот законик.

Според пријавата, Ел Чека кривичните дела ги извршува од Чикаго, САД, а негова пријавена адреса на живеење е во кичевското село Туин.

Поради итноста за заштита на правата на оштетените, односно прислушуваните лица, Основното јавно обвинителство Скопје на 31 мај годинава изготви и достави барање за меѓународна правна помош со цел обезбедување потребни податоци од профилот на социјалната мрежа. Обвинителството побара и од надлежните органи во САД да преземат законски дејства во насока нa спречување натамошно објавување на сниманите материјали.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ

Спасовски: Хероите вечно живеат, ова спомен обележје нека ја пренесе пораката за длабока почит, љубов кон татковината, мир и соживот

ИВЗ е против законите за родова еднаквост и за матична евиденција

Катерина Ѓуровски

Извештај на Стејт департмент за верските слободи во Северна Македонија

Спасовски: Осум години од „Диво насеље“ – Никогаш да не се повтори!

Ана Ололовска