Обвиненија за џепчии​, краделе од минувачи на улица и обивале автомобили низ Скопје

Од:

Обвиненија за џепчии​

Основното јавно обвинителство Скопје денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвиненија за три лица за сторено кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик.

„Со првиот Обвинителен предлог се товарат две лица кои како соизвршители го сториле кривичното дело, кога на 6 март , околу 13:30 часот, на автобуската станица „Рекорд“ во центарот на Скопје одзеле туѓ подвижен предмет и тоа мобилен телефон марка „алкател“ во вредност од 15.000,00 денари. Тие го искористиле невниманието на оштетената, па од џебот на нејзината јакна го одзеле телефонот со намера противправно да го присвојат и се оддалечиле од местото на настанот. Но притоа биле забележани од полициски службеници и лишени од слобода.

Со истото обвинение, едно од лицата се товари и за кражба која ја извршил на 4 ноември 2019 година , во 13:00 часот, на ул. Народен фронт во Скопје, кога украл мобилен телефон марка „моторола Е5“ во вредност од 20.000,00 денари, од паркирано возило во близина на КАМ МАРКЕТ. Обвинетиот го искористил невниманието на оштетениот кој вршел достава во продавницата, па ја отворил вратата од ТМВ „Мерцедес“ и го зел мобилниот телефон кој се наоѓал на седиштето.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот до судот достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите за кого судот ја имаше веќе определено оваа мерка на 6 март, а во траење од 8 дена. За вториот обвинет судот, на 6 март определи мерки на претпазливост, но обвинителството, ценејќи дека постои неопходност од обезбедување на присуство на обвинетиот за водење на кривичната постапка, до судот предложи претходно определените мерки на пртпазливост за обвинетиот да бидат укинати, а судот да му определи мерка притвор.

Обвинителен предлог денеска Основното јавно обвинителство Скопје поднесе и за уште едно лице кое сторило кривично дело – Кражба од член 235 став 1 од Кривичниот законик. Обвинетиот на 6 март, околу 15:40 часот, на автобуската станица „Рекорд“ во Скопје, противправно присвоил женски паричник во вредност од 1.300,00 денари во кој имало лична карта и 723,00 денари. Откако од ташната на оштетената го одзел паричникот, обвинетиот бил забележан од полициски службеници и веднаш лишен од слобода. И за него обвинителството до судот достави посебен предлог за продолжувањ ена определената мерка куќен притвор“, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Обвинителството за случајот Рашковски: Извршен е претрес на Правен, не се пронајдени материјали поврзани со Академијата за судии

Катерина Павлова-Николовска

Фатени двајца кочански џепчии – украле паричник од жена, сакале да ѝ го земат и телефонот

Жарко Настоски

ВИДЕО: Женска екипа џепчии фатена на дело, краделе паричници и ваделе пари на банкомати

Жарко Настоски

Триесет дена домашен притвор за насилниците кои предизвикаа инцидент во „Трибека“

Искра Манојлоска

Обвинителството бара притвор за двајцата тепачи од инцидентот во Трибека

Искра Манојлоска

Фатена банда крадци малолетници одговорна за 25 кражби во Струмица, Богданци и Гевгелија

Жарко Настоски