А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обвинение заради внесување дрога во затворот Идризово

by А1он24/02/2020 - 11:4024/02/2020 - 12:12346
Share0

По спроведена истражна постапка, Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот Кривичен суд Скопје поднесе обвинение против косовски државјанин заради внесување дрога во затворот Идризово.

Следете a1on на Instagram Instagram

Обвинетиот, на 31 јануари, во просториите на Казнено-поправната установа „Идризово” во Скопје, при редовна посета на осудено лице, неовластено пуштил во промет наркотична дрога – кокаин со нето маса од 89,96 грама.

Како што соопшти Јавното обвинителство, при влезот во установата, обвинетиот на затворскиот полициски службеник му предал пакет наменет за осуденото лице, во кој имало и една јакна. По извршениот претрес на пакетот, во внатрешниот џеб од јакната, во најлонско пакување обвиткано со селотејп, била пронајдена наркотичната дрога – кокаин.

Надлежниот јавен обвинител до Судот доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетото лице, со оглед на тоа што и натаму постои опасност од бегство и можност тој да го повтори делото што му се става на товар.

Следете a1on на Youtube YouTube
drogakrivicna

Би можело да ве интересира

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:01

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он31/10/2026 - 13:47

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30

Уапсени се сопружници од Кочани и велешанец кај кои е пронајдена дрога

Горан Наумовски17/10/2026 - 13:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео