Обвинение за три лица кои извршија полов напад врз дете од гостиварско

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе обвинение против три лица кои во март и јули 2018 година извршиле обљуба врз дете – жртва, со што сториле кривични дела за кои е запретена затворска казна од најмалку 12 години.

Надлежниот јавен обвинител од ОЈО Гостивар заедно со обвинителниот акт до Основниот суд Гостивар доставил и предлог за продолжување на мерката притвор за обвинетите.

Како што е наведено во соопштението од Јавното обвинителство, првообвинетиот се товари за сторено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години. Тој во март 2018 година управувајќи возило го сретнал детето и на сила го внел во возилото. Потоа го однел на запуштено место каде извршил обљуба врз детето – жртва, на кое по стореното дело му дал паричен надоместок.

Второобвинетиот во јули 2018 година му понудил пари на детето – жртва, по што извршил обљуба во неговата семејна куќа. Во текот на следните месеци второобвинетиот го наведувал и поттикнувал детето да остварува контакти преку социјалните мрежи со цел остварување на сексуални односи со други лица, а за тоа барал детето да наплатува и да го известува.

Поради стореното, второобвинетиот освен за полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се товари и за сторено кривично дело посредување во вршење проституција.

-Третообвинетиот, кој се гони за продолжено вршење на кривичното дело, извршил обљуба врз детето – жртва повеќепати, искористувајќи ист траен однос и иста прилика. Во обвинителниот акт ова лице се товари за сторено продолжено кривично дело Полов напад врз дете кое не наполнило 14 години, се додава во соопштението од Јавното обвинителство.

Би можело да ве интересира

Експресно оттуѓен имотот на делницата Тетово-Гостивар, заглави експропријацијата кон Букојчани

Орце Костов

Мерко молчи по двете поднесени обвиненија, во обвинителствата против него има уште 14 активни предмети

Александар Тодески

Почината жена пронајдена пред семејната куќа во Гостивар

ВИДЕО: 46-годишник од Скопје е жртвата во страотната сообраќајка кај Колари

Газда на гостиварски угостителски објект фатен со кокаин и марихуана

Катерина Ѓуровски

Жители на Баница ќе постават шатори за одбрана на нивите од „Бехтел и Енка“ ако Владата не ги викне на средба

А1он