Oбвинение за 13 лица за вооружениот инцидент во Мала Речица

Од:

Основното јавно обвинителство Тетово поднесе обвинение против 13 лица за учество во вооружениот инцидент во Мала Речица, што се случи на 5 април годинава, во кој едно лице го загуби животот, а неколкумина беа повредени.

– Против четири лица е поднесен обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор, со кој едно лице се товари за кривични дела „убиство“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик. Три лица се товарат за кривични дела „убиство во обид“ и за „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ од Кривичниот законик, соопшти Јавното обвинителство.

Надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово предложи на тројцата обвинети кои се лишени од слобода, како и на еден обвинет кој и натаму е во бегство да им биде продолжен притворот до правосилноста на пресудата против нив.

Против останатите девет лица тетовското Обвинителство поднесе обвинителен предлог со кој сите се товарат за кривично дело „учество во тепачка“ од Кривичниот законик. За осуммина обвинети, надлежен јавен обвинител до Основниот суд Тетово достави предлог за определување мерки на претпазливост, додека за едно лице предложи определување мерка притвор до правосилност на пресудата, бидејќи станува збор за државјанин на Република Албанија.

– Во текот на истрагата, јавниот обвинител утврди дека обвинетите лица биле дел од две меѓусебно спротивставени групи, кои по претходен договор и заради претходна меѓусебна нетрпеливост, со возила дошле на местото на инцидентот во Мала Речица. Петмина, меѓу кои и починатото лице, биле вооружени со пиштоли, по што дошло до меѓусебна вербална расправија која прераснала во тепачка и употреба на огнено оружје. Освен пиштоли, во тепачката биле користени бејзбол палки, секира, нож и други предмети, се наведува во соопштението од Обвинителството.

Обвинението на Основното јавно обвинителство Тетово​ е поткрепено со прибран опсежен доказен материјал, резултати од поголем број вештачења, анализи на траги од оружје и траги од биолошко потекло, како и обезбедени видео записи од надзорни камери.

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за извршителка од Кичево, осомничена е за три кривични дела

Горан Наумовски

Лани поднесени обвиненија за половина од примените пријави за злоупотреба на лични податоци

Александар Тодески

Обвинителството бара притвор за двајца дилери од Скопје и Велес

За несреќата надлежно е бугарското обвинителство, овој предмет е за фалсификување на исправата, вели обвинителот во предметот „Беса Транс“

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото

ОЈО со детали за операцијата „Чибук“: Истрага против најмалку десет лица

А1он