Обвинение против Мерко, неправилно поставил директор на училиште

Од:

Основното јавно обвинителство Струга поднесе Обвинителен предлог против градоначалникот Рамиз Мерко за несовесно работење.

Како што информира обвинителството, Мерко на крајот на јануари 2022 години, свесно ја прекршил регулативата и поставил диркетор на училиште надвор од прописите. Поставениот вршител на должноста директор не бил од редот на вработените како што налага законот. Со ова, Мерко му обозможил да си префрла плата 19 месеци.

– Обвинетиот, како службено лице – градоначалник на општината Струга,на 31.01.2022 година, свесно ги повредил законските прописи за совесно постапување при именувањето на вршител на должност – директор на општинско основно училиште во селото Лабуништа. Притоа, донел решение и за вршител на должноста именувал лице кое не било од редот на вработените, како што е предвидено во членот 118 од Законот за основно образование, и немала соодветно работно искуство во воспитно-образовна работа предвидено во членот 109 од Законот. Така обвинетиот овозможил лицето да биде именувано на функцијата и да и се исплаќа плата како в.д. директор 19 месеци, со што на училиштето му била нанесена штета во вкупен износ на неосновано исплатените плати и придонеси, се вели во соопштението од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Пресудите за Рамиз Мерко се доказ за правосудниот колапс на судиите и обвинителите избрани во Зајас и Струмица

Градоначалникот Мерко е осуден со 10.000 евра парична казна

Петковски: Обвинителството не докаже дека Мерко е виновен за незаконско назначување директори во три училишта

Горан Наумовски

Мерко не сторил кривично дело кога купил луксузно „ауди“

Горан Наумовски

Привршува судскиот процес против Мерко за набавката на службеното „Ауди А6“

Почна судскиот процес против Мерко за незаконско поставување директор на ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга