Обвинение против дилер на дрога во Гостивар

Од:

Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе Обвинителен акт против 20-годишен жител на селото Равен против кого се водеше истражна постапка за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик, информира Обвинителството.

„При претрес во домот на обвинетиот на 29 јануари, полициски службеници пронајдоа 58,74 грама наркотична дрога марихуана во стаклена тегла и една дигитална вага. Обвинетиот дрогата ја набавил во текот на јануари годинава и се подготвувал да ја пакува во помали пакувања со цел да ја препродаде на зависници на наркотични дроги“, соопшти Обвинителството.

„Јавниот обвинител до Основниот суд во Гостивар достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка куќен притвор за обвинетото лице, оценувајќи дека и натаму постои можност тој да се даде во бегство, да влијае врз сведоците или да го повтори делото кое му се става на товар“, се наведува во соопштението на Обвинителството.​

Би можело да ве интересира

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Почна постапката за избор на наследникот на Ислам Абази

Горан Наумовски

Тошковски за аферата „Мазут“: Се надевам ЈО ќе собере храброст и професионално ќе се посвети на сите детали

Нови докази од истрагата за „ботоксот“: Обвинителството покрена истрага против две лица

Обвинителство: Обвинителката Џабирова Велков во случајот „Тотал“ морала да изврши преквалификација на обвинението

ОЈО Скопје бара мерки на претпазливост за три лица за насилство врз дете во Маџари