А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Обуки за стекнување вештини за вработување во Струмица

by А1он21/08/2017 - 15:16121
Share0

Дванаесет невработени лица, активни баратели на работа денеска се дел од првата обука за стекнување вешини за самовработување што се спроведува преку проектот на ИПА програмата во соработка со Агенцијата за вработува, подрачна единица Струмица.

Следете a1on на Instagram Instagram

Кандидатите се запознаваат со основните вештини потребни при процесот за барање работа, со цел, како што велат организаторите, да им се зголеми самодовербата и да им се зголемат знаењата.

– Тука во овие два дена ќе им помогнеме на кандидатите како да се постават при барањето работа. Како да препознаат добро од лошо работно место, како да се постават на интервју при самото барање работа, и како да се подготват за пишување кратка биографија, пропратно писмо, собирање препораки, објасни Игор Николов, тренер-едукатор на проектот.

Кандидатите се поделени во две групи. Првата која посетува дводневна обука, и наредната група која ќе се едуцура четири дена.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Првата група се кандидати кои од Агенцијата се оценети како лесно вработливи, со високо образование и со одредени познавања во делот на вештините за вработување, затоа и обуката ќе трае два дена. Во втората група, ќе влезат кандидати кои се потешко вработливи, со основно или со средно образование, а кои се активни баратели на работа, затоа ќе ни требаат и четири дена за да им помогнеме во совладување на вештините, додаде Николов.

Програмата ќе се спроведи низ сите градови на Македонија, а опфатени ќе бидат околу 1.400 кандидати. По завршувањето на обуката, кандидатите добиваат сертификат и лично портфолио. Проектот се реализира преку програмата Хјуман ресурсис на ЕУ.

strumica

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Предраг Петровиќ13/09/2026 - 10:04

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он04/09/2026 - 14:11

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Горан Наумовски25/08/2026 - 15:06

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

Предраг Петровиќ22/08/2026 - 17:29

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Катерина Ѓуровски10/08/2026 - 12:51

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски06/08/2026 - 14:2906/08/2026 - 14:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео