Обука за туристичкиот сектор и стопанството

Од:

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија во соработка со Проектот на експанзија на мали бизниси, финансиран од УСАИД и Интернационалната асоцијација за активен туризам (ATTA) одржуваат „AdventureEDU“ обуки за туристичкиот сектор и стопанството.

Како што соопштуваат од Агенцијата, дводневната обука ќе им обезбеди на учесниците вештини и знаења кои се неопходни за да се постигне највисок квалитет во организирањето на првата европска регионална конференција за активен туризам „AdventureNext – Balkans“, која ќе се оддржи во мај 2016 година, а чиј домаќин ќе биде Македонија.

Обуките се фокусирани на „Оперативното усовршување“ и на „Безбедност и управување со ризик“. Обуката ќе има и практичен дел, дискусии и работа во групи, а со цел да се споделат најдобрите практики, заеднички да се делува во припрема на Самитот, координирање на активностите, подобрување на туристичката понуда и услугата, збогатување на содржината, создавање нови туристички продукти, како и да се изгради оддржлив бизнис.

Настанот „ AdventureNext – Balkans“ ќе привлече околу 300 лидери и носители на одлуки од областа на туризмот, вклучувајќи и дел од најзначајните интернационални туроператори и медиуми. Самитот ќе ја интензивира соработката меѓу чинителите од балканските земји во областа на туризмот со цел зголемување на достапноста на културите и природните туристички ресурси на регионот, како и обезбедување квалитетна испорака на туристички услуги.

Би можело да ве интересира

Корчок: Се надевам дека преговарачката рамка ќе биде усвоена за време на португалското претседателство

Димитров и Османи во Брисел на средби со Борел и Лајчак

Португалското претседателство со ЕУ ќе настојува да почнат преговорите со Северна Македонија

Вицепремиерот Димитров ја потпиша Рамковната спогодба за превод на правото на ЕУ

СДСМ: Најавата на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да го признае пописот е доказ за антидржавно и деструктивно однесување

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Пендаровски: Не смееме да ги заборавиме скапо платените лекции, мора да сме системски подготвени за следната криза