Обука на 38 проектни менаџери во Струмица со пари од ИПА

Од:

Во Домот на АРМ во Струмица денеска почна обуката на идните проектни менаџери, кои во рамките на ИПА програмата за прекугранична соработка меѓу Рпублика Македонија и Република Грција ја организира Канцеларијата за европски проекти при општина Струмица.

Како што изјавија од Канцеларијата за европски проекти во Струмица, на јавниот повик за оваа обука се пријавиле вкупно 38 лица од различни профили, кои во наредните денови ќе се запознаат со вештините на проектните менаџери.

– Бројката од 38 пријавени е за почит и со тоа луѓето од општина Струмица или поточно овдешната Канцеларија ќе знаат со какви капацитети во областа на проектниот менаџмент располага општина Струмица. Проектниот менаџмент веќе е наука, а не е само пишување на проекти, затоа што постојат модули кои се користат кај сите донатори, вклучително и ЕУ, како еден од најголемите подржувачи, изјави на денешниот старт на обуката Александар Гумберовски, независен консултант.

Идните проектни менаџери од оваа обука ќе се стекнат со вештини од областа на раководење со проектен циклус, подготовка на ЕУ апликации, расположливи ЕУ фондови и други теми од областа на проектниот менаџмент.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

ВИДЕО: Нов протест на земјоделците во Струмица

Завршени се инспекциските контроли за случајот со 19-годишната родилка, ќе има и стручен надзор

Горан Наумовски