ОБСЕ загрижена за полициското малтретирање на новинарите на Слободна Европа, Фокус и Нова ТВ

Од:

Претставникот на ОБСЕ за слобода на медиумите, Дуња Мијатовиќ денесka изрази длабока загриженост во врска со принудните дејствија од страна полициските службеници насочени кон новинари кои покриваа демонстрации во Скопје, јавува Радио Слободна Европа.

-Новинарите мора да бидат во можност да покријат демонстрации слободно и без страв од малтретирање. Секое прекршување на правата на новинарите е јасно кршење на правото на слобода на медиумите и не може да се толерира, изјави Мијатовиќ.

Вчера, Мери Јордановска, новинар на Фокус, Сашка Цветковска новинар на интернет порталот Нова ТВ и Марија Митевска, новинар во Радио Слободна Европа беа застрашувани од полициски службеници и принудени да ги избришат видо и фото материјалите снимени на демонстрациите во општина Ѓорче Петров.

Од новинарите е побарано да се идентификуваат и тоа било регистрирано од страна на полициските службеници.

-Ги повикувам властите брзо да го испитаат овој инцидент и да преземат чекори за да се осигура дека службите за спроведување на законот ги почитуваат правата на преставниците на медиумите, рече Мијатовиќ. Новинарите на „Фокус“, „Нова ТВ“ и „Радио слободна Европа“ , Мери Јордановска, Сашка Цветковска и Марија Митевска, денеска, поднесоа преставка до Секторот за внатрешна контрола на МВР за некоректен однос на полицијата и бришање снимани материјали од вчерашните инциденти во Ѓорче Петров, по повод убиството на 19-годишниот Анѓел Петковски. Од Секторот за внатрешна контрола ветиле дека ќе ги најдат сторителите и доколку се докаже дека тврдењата се точни, ќе се преземат санкции.

Би можело да ве интересира

Коцевски: Јавно ја осудувам секоја форма на притисок и закани кои се насочени кон замолчување на новинарите

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

Американците 10 часа ги испрашувале руските новинари кои доаѓале да известуваат за изборите

Почина Исуф Кадриу, дописник на РСЕ од Скопје

Предраг Петровиќ

Директорката Иљази им забрани на вработените на Токсикологија да даваат изјави за медиумите

A1on

Костадиновска-Стојчевска: Покажавме како се почитува слободата на медиумите, „Репортери без граници“ го потврди тоа

А1он