ОБСЕ загрижен за политичките случувања во земјава

Од:

Специјалниот претставник на Парламентарното собрание на ОБСЕ за Југоисточна Европа, Роберто Батели, изразува загриженост во врска со турбулентните политички случувања во, како што вели, поранешната југословенска Република Македонија.

Тој забележува дека тековните случувања во Скопје се, пред се, поради долготрајно отсуство на конструктивен политички дијалог.

Специјалниот претставник, исто така, ја нагласува потребата за заштита на законитоста, но и независност и непристрасност на институциите во земјата.

“Како граѓанин на регионот и како еден од многуте кои навистина се грижат за напредокот на оваа земја, ги повикувам политичките лидери да дејствуваат на одговорен начин, во интерес на граѓаните и во интерес на поширокото соседство”, вели Батели.

Според претставникот на ОБСЕ, во изнаоѓањето решение за актуелната криза, треба да се обезбеди функционирање на парламентот.

Тој ја повикува Владата и опозицијата да овозможат надлежните судски органи да преземат брза и темелна истрага со целосна независност и транспарентност.

Би можело да ве интересира

На состанокот на ОБСЕ Блинкен предупреди дека Русија ја загрозува европската безбедност

ВИДЕО: Лавров влезе во Европската унија и тоа со руски владин авион

Лавров доаѓа во ЕУ во декември, првпат од почетокот на војната во Украина

Катерина Ѓуровски

ОБСЕ/ОДИХР со позитивна оценка за изборниот ден, процедурите за гласање се почитувале во голема мера

Блинкен и Лавров се разминаа во Скопје, САД и Русија спротивставени за иднината на ОБСЕ, за Украина, Балканот

Габриел не сакала да биде на иста маса со Лавров и затоа предвреме заминала од Скопје

Горан Наумовски